ЕК: Не шпекулираме за причините за истекувањата на гас од Северен поток

Од:

Од Европската комисија не сакаат да ги коментираат можните причини за истекувањата на гас од Северен поток еден и два, уверувајќи дека снабдувањето е безбедно за Европа, јави дописничката на МИА од Брисел.

На денешниот редовен брифинг за новинари портпаролите на ЕК порачаа дека се информирани за инцидентот со трите истекувања на гас од Северен поток еден и два во близина на Данска и се во постојан контакт со засегнатите земји членки.

– Во моментов нема последици врз сигурноста на снабдување, затоа што испораките од Северен поток еден се на нула, а Северен поток два нема дозвола за сега, изјави портпаролот за енергетика, Тим Мекфи.

ЕК исто така ги следи последиците врз загадувањето на воздухот и климатските промени бидејќи истекот на метан може негативно да влијае врз нив.

Во меѓувреме Данска прогласи забрана за навигација околу местото на инцидентот.

Но, од ЕК не се шпекулира за можните причини, од кои една може да биде саботажа од руска страна, нешто што не го исклучи данската Влада.

– Не шпекулираме дали е саботажа или не, немаме елементи да одредиме која е причината за истекувањето, но се разбира дека доколку е сааботажа, секој акт на саботажа врз инфраструктура ќе биде осуден, изјави главниот портпарол на ЕК, Ерик Мамер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицкоски: И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко

Горан Наумовски

Вархељи за пакетот за проширување: ЕУ го задржа и зајакна моментумот на проширување во текот на 2024 година

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Европската Комисија: Стратегиската насока на Србија е под знак прашалник

Горан Наумовски

МЕП: Европската Комисија денеска официјално ја одобри Реформската Агенда на Македонија

Горан Наумовски