Герасимовски: Жителите на Крњево и Кале добиваат нов пензионерски клуб

Од:

Највозрасните граѓани во населба Крњево и Кале добиваат пензионерски дом „Гоце Делчев“ во просториите на ЈП ПОЦ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со пензионерите го отворија новиот пензионерски дом и заедно играа шах, домино и карти информираат од Општината.

„Општина Центар постојано ги следи потребите на граѓаните и секогаш се обидува да им излезе во пресрет. Пензионерите од Општина Центар се висок приоритет за нас и затоа ние како локални власти се трудиме да им обезбедиме содржини кои ќе им бидат интересни, места што ќе претставуваат, катче каде ќе се среќаваат, ќе се дружат и квалитетно ќе го поминуваат слободното време“, изјави Герасимовски.

Ова е седми пензионерски клуб кој се отвора на територија на општината и 2 од ветените три во предизборната кампања на градоначалникот Герасимовски. Следниот ќе биде отворен близу Универзална сала и со отворањето на тој клуб Општина Центар ќе биде единствената општина која во секоја урбана заедница ќе има пензионерски клуб. Отворањето на овие пензионерски клубови ја покажуваат и нашата грижа и помош за оваа категорија на граѓани посочуваат од Општина Центар.

Општина Центар за највозрасните граѓани веќе го спроведува проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ во кој сите возрасни лица со полни 62 години добиваат домашна нега од лиценцирани негуватели, физиотерапевти и психолози. Овој проект е наменет за 90 корисници жители на општината кои добиваат нега три пати пати неделно по два часа во текот на цела година. Исто така во соработка со „Банка за храна“ на пензионерите со ниски примања Општина Центар им доделува пакети со храна и хигиенски производи.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар