САД: Грција и Турција со дипломатија да ги решат разликите околу островите во Егејското Море

Од:

САД продолжуваат да ги охрабруваат Грција и Турција да работат заеднички за одржување на мирот и безбедноста во регионот и да ги решат сите разлики по дипломатски пат без да се дигаат тензии во време на криза.

– Треба да останаме фокусирани на тоа што е колективна закана за сите нас, а тоа е руската агресија, истакна портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

– Во време кога Русија уште еднаш изврши инвазија на суверена земја и кога трансатлантската и меѓународната заедница стојат со народот на Украина против руската агресија, основен услов е да не се прават постапки кои можат да подигаат тензиите меѓу членки на НАТО, рече тој.

Изјавата доаѓа откако Анкара викендов ја обвини Атина дека на 18 и 21 септември со воени бродови стационирала американска воена опрема како оклопни возила на островите Лесбос и Самос, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.

Според договорите од Лозана и Париз од 1923 и 1947 година, 21 остров во Егејското Море се дадени на Грција, но под услов тие да се целосно демилитаризирани. Грција се спротивставува на ова и од 1961 година распоредува војници на островите стравувајќи дека турските сили можат лесно да извршат истоварување, бидејќи се на блиско растојание од Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Стејт департментот издаде итно соопштение: „Бидете внимателни низ светот“

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна