Жан-Пјер: Подготвени сме да воведеме дополнителни трошоци за Русија, доколку се продолжи со анексија

Од:

САД „никогаш нема да ги признаат“ окупираните територии од Русија како „што било друго туку … дел од Украина“, соопшти Белата куќа, додека сепаратистички лидери во четири региони на Украина велат дека во тек се референдуми за дали да се отцепат и да се приклучуват кон Руската Федерација, пишува „Си-ен-ен“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер за „Си-ен-ен“ денеска изјави дека „лажниот референдум“ е „флагрантно кршење на меѓународното право“.

– Што се однесува до она што го правиме, ние сме подготвени да воведеме дополнителни брзи и сериозни економски трошоци за Русија, заедно со нашите сојузници и партнери, како одговор на овие дејствија што ги гледаме моментално, доколку тие продолжат со анексија, појасни Жан-Пјер.

Таа најави повеќе детали на темата наредните денови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ