Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека го почитува демократскиот избор на Италијанците и го повика Рим да продолжи да работи заедно со Европејците.
„Италијанскиот народ направи демократски и суверен избор. Ние го почитуваме“, рече Макрон во изјавата објавена од Елисејската палата, по победата на екстремно десничарската партија „Италијански браќа“ на парламентарните избори во Италија.
„Како соседни и пријателски земји, ние треба да продолжиме да работиме заедно“, додаде тој.
Извор: МИА