Протестот на противниците на новиладата (коридата) во Рион-де-Ланд на југот од Франција заврши со последици, при што осум лица се повредени од кои едно потешко.
Стотина членови на асоцијацијата Животни во опасност, на ЦРАЦ (Комитет Радикалоно Анти Корида) Еуроп и на Фондацијата на Брижит Бардо навлегоа во арената за да создадат човечки синџир, палејќи светлосни факели пред одржувањето на спектаклот, кој завршува со убивање на млади бикови.
Сите тие уредно купиле билети за да учествуваат на спектаклот, по што навлегле на арената, при што интервенирала жандармеријата.
Сите повредени се противници на коридата и тие биле повредени од припадниците на силите на редот.
Протестот на противниците воопшто не им се допаѓаше на приврзаниците на коридата, така наречените „афисионадос“, кои обвинуваат за жестокоста на протестите.
Последната ваква манифестација во Франција се одржа на 8 октомври 2011, кога 70 противници на коридата се изврзаа со синџири во арената на Родилхан во Гард.