Ударите од Клементина Лефкова, третообвинета во случајот за убиството на Денис Тот, не придонеле за смртта на ракометарот. Ова го тврдат двајцата нејзини адвокати, Емил Гугутчески и Бојан Василески. Тие велат: „во никој случај, ударите не можат да допридонесат за смрт“. Тие го посочуваат ова откако вештите лица па посочија за нагмечувања кои ги имал Тот во пределот на главата и телото.
„Немаме уште тоа докажано. Имаме уште за докажување, рано е“, вели адвокатот прашан како настанала смртта.
За нив е најважно да докажат дека немало умисла да се убие Тот, па додаваат: „Умислата се уште виси во воздух, тоа за нас е најважно“.
Прашани да ги искоментираат тврдењата на вештаците кои посочија дека повредата на рбетниот мозок е главна причина за смртниот исход, адвокатот Василески вели: „Во вештачењето стои дека друго е причината за смртта. Се релативизира денеска и тврдењето и вештечењето во денешното излагање на вештите лица, откако им беше предочено дека во вештачењето има друго напишано“, а на барањето да каже што стои во вештачењето, рече: „Има време ќе излезе во јавност. Се релативизира како е настаната таа повреда“
За нив е неспорно дека имало удари, меѓу кои е и боксот, по што следува единствениот момент кога Тот паѓа на земја.
„Вештите лица даваат само можност како да е настаната повредата. Во конкретниот случај во вештачењето стои дека е од падот, сега кажуваат дека е од вртење на главата“, додава адвокатот.
Децидни се дека второобвинетата го нема сторено кривичното дело убиство.
„Ние ја браниме дека нема направено кривично дело кое и се става на товар. И стоиме на тоа. Умислата не е докажана“, вели адвокатот, а прашан кое кривично дело го има направено Клементина, тој посочува: „Не знаеме тоа, обвинителката ќе каже“.
Доколку ракометарот Денис Тот, немал повреда на рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и доктор во Судска медицина при обдукција на телото, кое е презентирано на судењето. Ударот и падот кај Тот се случуваат кога Анџело Ѓорѓиевски му задава удар со бокс, по што сега починатиот паѓа на земја. Докторот Станков, вели: „Доколку таа повреда би ја немало, тој би можел да преживее“.