Германскиот селектор Франк Менц, со пофалби за македонската кошаркарска репрезентација, откако домаќинот на турнирот во Улм доживеа пораз од избраниците на Алеш Пипан со 67-81.
„Задоволен сум од мечот, од тоа што го прикажаа моите кошаркари, зашто играа против една од најдобрите селекции во Европа. Нашиот противник играше на високо ниво, затоа сум задоволен од овој тест”, рече Менц.