Бајден: Референдумите за анексија на четирите украински региони се измама

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина кои се под контрола на проруските сили се „измама“.

Тој посочи дека Вашингтон никогаш нема да ги признае нивните резултати.

Бајден вчера објави дека референдумите се „лажен изговор за обид за анексија на делови од Украина“, со сила и со флагрантно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации, пренесува Си-Ен-Ен.

„Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии како ништо друго освен како дел од Украина“, рече тој.

Бајден најави дека САД ќе соработуваат со сојузниците и партнерите за да воведат дополнителни брзи и строги економски санкции кон Русија.

„САД стојат со партнерите ширум светот и со секоја нација која ги почитува основните принципи на Повелбата на ОН во отфрлањето на какви било измислени исходи што Русија ќе ги објави“, рече Бајден.

Во четири украински региони под руска контрола вчера почна гласањето за референдуми за приклучување кон Русија. Гласањето ќе трае до 27 септември, кога ќе почне пребројувањето на гласовите.

Западот го осуди одржувањето на референдумот, наведувајќи дека тоа е обид на Москва да анектира делови од украинската територија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски