„Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Многу е важно дечињата со задоволство да одат во градинка, па затоа обрнуваме внимание на секој детаљ пред пуштањето во употреба на градинките. Дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”, вели градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
Новата детска градинка „Црвенкапа” добива нов и уникатен изглед во внатрешноста. Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.
Општина Аеродром продолжува да вложува во нови капацитети за децата. И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа.