Индиската полиција соопшти дека уапсила тројца мажи во врска со групното силување на новинарка во Мумбај.
Веста за злосторството предизвика улични протести и повторно го отвори прашањето за безбедноста на жените во Индија.
Нападот беше извршен во поранешна индустриска зона во Мумбај.
Жртвата, 22-годишна репортерка, е во болница и се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
Полицијата претходно уапси еден осомничен, а вчера уште двајца.