Ковачевски со сопругата на прием кај Бајден

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски со сопругата Елена, присуствуваше на приемот за претседателите на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. Приемот во организација на претседателот Бајден, се одржа во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

– Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата. Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет се вели во соопштението од прес службата на Владата.

Би можело да ве интересира

Бајден го тужи Министерството за правда на САД

Трамп: Тој е криминалец и треба да биде во затвор, грда личност, одвнатре и однадвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Што постави Трамп наместо портретот на Бајден во Белата куќа

Џо Бајден е опериран од рак на кожата на челото

САД: Дневниот брифинг повеќе не му се доставува на поранешниот американски претседател Бајден

Трамп нареди истрага за „заговорот“ за прикривање на менталното здравје на Бајден