Најмалку 31 цивил е убиен од почетокот на протестот во Иран, поттикнати од смртта на 22-годишнната Махси Амина, која почина откако беше уапсена од полицијата за морал поради неправилно носење хиџаб.
„Иранскиот народ излезе на улиците да се бори за своите основни права и човечко достоинство, а властите одговорија со куршуми на овие мирни протести“, рече директорот на ИХР, Махмуд Амири-Могадам, по шест дена демонстраци.
Women leading the way in Iran’s Caspian north pic.twitter.com/pUfqbKwN6z
— Borzou Daragahi ?? (@borzou) September 22, 2022
„Побаравме од судството да ги идентификува оние што шират лажни вести и гласини на социјалните мрежи, како и оние на улиците што ја загрозуваат психолошката безбедност на општеството да дејствува решително“, рече Гардата од каде изразија сочувство до семејството Амина.
Девојката почина во притвор откако беше уапсена минатата недела од полиција за морал затоа што наводно не го почитувала правилото за носење хиџаб. Сведоците тврдат дека полицијата ја однела во возилото каде била претепана.
There is a revolution happening in Iran.
Iranian people are fighting back against the Islamic regime like never before.
I support their noble quest for freedom. #Iran #IranProtests pic.twitter.com/6JwghRHdTT
— Hananya Naftali (@HananyaNaftali) September 22, 2022
Демонстрантите во Техеран и другите ирански градови палеа полициски возила. Нема знаци на намалување на протестите. За в петок се закажани протести за поддрѓка на конзервативните ирански власти.
Протестите поради смртта на Амина се најголеми во Иран од 2019 година. Повеќето од нив се на курдскиот северозападен дел од државата, но се проширија во главниот град и најмалку 50 градови низ целата земја.