Иконому: Мицотакис со аргументи ќе одговори на лажните вести и вулгарната пропаганда на Ердоган

Од:

Господинот Ердоган, со неприфатлив потег на политички опортунизам, се обиде да го искористи Генералното собрание на ОН како подиум за ширење лажни вести и можност за вулгарна пропаганда, со непостоечки тврдења против Грција, кои не се во согласност со целите и принципите на ОН, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, коментирајќи го говорот на турскиот претседател, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому објасни дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговиот утрешен говор на Генералното собрание на ОН, ќе му одговори на Ердоган „со аргументи кои се засноваат на меѓународното право, на вистината и историјата и кои ја отсликуваат реалноста во Егејското море во последните години“.

-Премиерот, во неговиот говор утре, очигледно, ќе посвети повеќе време на Турција и односите со Турција, од првично планираното, по оној провокативен настап на турскиот претседател од говорницата на ОН со лажните вести и вулгарната пропаганда против нашата земја, рече Иконому.

Тој истакна дека Ердоган треба да сфати дека Грција не се плаши и „пред сè не може да се оцрни со митови и вулгарна пропаганда“.

Одговарајќи на новинарско прашање за ситуацијата на грчко –турската граница кај Еврос, Иконому рече дека во изминатиот период континуирано се соочуваат со обиди за нелегален влез во земјата на бегалци и мигранти.

-И на островите и кај Еврос од почетокот на годината до денес над 155.000 луѓе се обидоа да влезат во земјата. Ги кажувам бројките за да ја знаеме големината. Само кај Еврос се околу 33.000-34.000 лица, кои во изминатите месеци се обидоа да влезат на грчка територија, објасни портпаролот на грчката Влада и повтори дека тие прават се што е потребно за заштита на границите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Администрацијата на Трамп може да стави крај на војната во Украина преку дијалог и дипломатија

А1он

Ердоган за израелскиот напад врз Иран: Сакаат да го запалат регионот, Западот им помага

А1он

Ердоган за терористичкиот напад: Валканите раце што посегнуваат кон Турција ќе бидат скршени

А1он

ВИДЕО: Путин организира самит на БРИКС, му доаѓаат Ердоган, Си Џипинг и Моди

Катерина Ѓуровски

Почина Фетулах Ѓулен, најголемиот непријател на Ердоган

А1он

ВИДЕО: Дачиќ повторно му пееше на Ердоган „Осман ага“