Макрон: Да и се помогне на Украина, но не да ја нападне Русија

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека треба да и се помогне на Украина, но не да ја нападне Русија.

– Наша должност е да и помогнеме на Украина како што правиме, да ја заштитиме нејзината територија, а не за да може таа (Украина) да ја нападне Русија. Ние не сме во војна со Русија, изјави Макрон за француската онлајн телевизија BFMTV.

Според него, целта е Украина да пружи отпор, да си го врати суверенитетот, а Русија да седне на преговарачка маса.

Францускиот претседател најавата на Русија за мобилизација на резервистите и заканата од употреба на нуклеарно оружје ја оцени како уцена.

– Очигледно е уцена бидејќи тој (Путин) има такво (нуклеарно) оружје и опасноста е секогаш присутна. Тоа е начин на притисок во тешко време на војна, рече Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна