Двајца загинати при пад на хеликоптер во близина на Мармарис

Од:

Две лица загинаа, а петмина асе повредени по уривањето на пожарникарски хеликоптер кој летал кон турското летувалиште Мармарис, каде гори шума.

Во хеликоптерот имало двајца Руси и петмина турски државјани. Турското Министерство за внатрешни работи не го соопшти идентитетот на загинатите.

Сè уште не е позната причината за несреќата.

Во гаснење на шумскиот пожар во близина на Мармарис, за што се претпоставува дека е подметнат, вклучени се 15 хеликоптери и осум авиони, 500 пожарникари со 40 камиони-цистерни и полициски водени топови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски