Шумски пожар избувна денеска во близина на турскиот град Мармарис, познатата туристичка дестинација на Егејското Море.
Во справувањето со стихијата се вклучени 15 хеликоптери и осум авиони, околу 500 пожарникари и 40 противпожарни возила. Самото гаснење на пламенот е отежнато од ветерот што дополнително го засилува пламенот.
Минатата година во шумските пожари во областа загинаа најмалку осум лица, а беше уништена значителна шумска површина со угинати голем број животни.
Турската Влада беше критикувана поради несоодветната реакција и неподготвеноста да се справува со елементарната непогода, вклучително недостатокот од модерни авиони за гаснење пожари.
Извор: МИА