Спасени 300 лица во морскиот дел во близина на Кипар

Од:

Во морскиот дел, 110 наутички милји западно од кипарскиот град Пафос синоќа биле пронајдени и спасени 300 лица, веројатно бегалци и мигранти, откако чамецот со кој се превезувале бил во опасност, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Координативниот центар за потрага и спасување на Кипар соопштија дека вчера, околу 19 часот добиле информација за чамец со 300 лица што се нашол во опасност додека пловел на 110 наутички милји западно од Пафос, во морскиот дел што е во надлежност на Република Кипар, по што бил активиран конкретен план за акции за масовно спасување.

Првично бил мобилизиран хеликоптер од армијата за лоцирање на чамецот, а потоа испратени и бродови на воената морнарица и полицијата и побарана помош и од трговските бродови што биле во конкретната морска областа.

По завршувањето на акцијата, сите спасени лица безбедно биле пренесени на товарен брод.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески