Приведен криминалец, осуден на 15 години казна затвор

Од:

Вчера, во 18.00 часот на улицата „Блажо Алексов“ во Кавадарци, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 39-годишниот М.Ј. од Кавадарци. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 131, член 237 и член 396 од Кривичниот законик, извести МВР.

– За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово -Скопје каде имал за доиздржување уште една година и пет месеци, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Би можело да ве интересира

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски