(ВИДЕО) Најмалку еден мртов во земјотресот при урнат ѕид во Мексико: Оштетени згради, струјата во прекин

Од:

Силен земјотрес го погоди западниот дел на Мексико на годишнината од двата разорни потреси, при што загина најмалку едно лице, оштетени se згради, струјата е во прекин.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор во видео-обраќање изјави дека едно лице загинало во пристаништето Манзанило во Тихиот Океан, откако се урна ѕид во продавница.

Малку по 13 часот, земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди крајбрежјето на пограничниот регион на државите Мичоакан и Колима на длабочина од околу 15 километри (9 милји), соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шеинбаум, рече дека нема непосредни извештаи за штети во главниот град по потресите, кои го зафатија Мексико истиот ден кога земјата ја зафатија големите земјотреси во 1985 и 2017 година.

Ернесто Ланцета, сопственик на бизнис во квартот Куахтемок во градот вели: „19-ти е ден од кој треба да се плашиме“.

 

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски