Шест опозициски партии ги здружија силите да го победат Ердоган на следните избори во Турција

Од:

Парламентарните и претседателските избори ќе се одржат во Турција во јуни 2023 година. Шест опозициски партии ги здружија силите. Тие сакаат да испратат заеднички кандидат на претседателските избори.

По неколкугодишни преговори, на крајот на минатата година, турската опозиција конечно најде сили да формира сојуз под името „Шест на маса“ (Алтили Маса). Се состои од шест политички партии, чија соработка се чинеше незамислива до пред само неколку години.

Нивните најважни цели се: да се стави крај на долгорочната доминација на владејачката партија АКП на Ердоган и да се врати земјата во парламентарен систем со цел да му се одземе на претседателот дел од неговиот авторитет и моќ. Ова треба да биде во согласност со волјата на многу гласачи.

Имено, во неодамна објавениот извештај на турскиот институт за истражување на јавното мислење „Џонјлем“, 65 отсто од сите испитаници се за враќање во парламентарниот систем, додека само нешто помалку од 30 отсто од нив сакаат да се задржи сегашниот систем. Во истата анкета, околу 63 отсто од луѓето изразиле мислење дека Турција е „лошо управувана“ под АКП, а 58 отсто рекле дека „дефинитивно не сакаат да гласаат“ за актуелниот претседател Ердоган на следните избори.

Би можело да ве интересира

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски