Кошаркарската репрезентација на Македонија го запиша вториот триумф на Беко Суперкупот кој се игра во Германија.
Овој пат со високи 81:67 славеа против домашната селекција.
Најефикасен беше Ѓорѓи Чековски со 16 постигнати поени, Лестер Бо Мекејлеб реализира 14 поени, Тодор Гечевски забележи 12 поени, додека Дамјан Стојановски и Перо Антиќ имаа учинок од по 11 поени.
Капитенот Перо Антиќ во последниот период го повреди коленото и не се врати во игра до крајот.
По утрешниот меч со Босанците, репрезентативниот карван се враќа во Скопје каде што ќе ја одработи последната недела во пресрет на континенталниот собир во Словенија.
Македонија е во групата Б заедно со Србија, Црна Гора, БиХ, Литванија и со Летонија, кои ќе играат во градот Јесенице.