Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, го изрази својот гнев кон Виктор Орбан и позицијата на унгарската влада за санкциите против Русија. Подољак смета дека Унгарија е тројански коњ на Европската унија.
„Орбан вели дека ќе се бори за укинување на санкциите против Русија. Да ги кажеме работите со вистинско име. Унгарија е тројански коњ и бара колапс на ЕУ на сметка на европските даночни обврзници. Орбан ја мрази Украина и сонува за „руски свет“ во Европа. Дали ЕУ треба да финансира таква субверзија? напиша тој.