Во Непал и Индија 48 загинати во монсунските дождови

Од:

Во Непал и Индија 48 лица загинаа во монсунските дождови и лизгање на земјиштето, соопштија денеска властите на двете земји.

Во западен Непал, 22 лица загинаа во лизгање на земјиштето кое затрупа околу 100 куќи, соопшти локалната полиција, додавајќи дека 11 лица се повредени.

Во соседна Индија 26 лица загинаа во монсунските дождови кои паѓаат од петокот.

Меѓу жртвите има и девет работници затрупани од уривањето на градежен ѕид во градот Лакнау во индиската држава Утар Прадеш.

Сезоната на монсуните, која трае од јуни до септември, е важна за наводнување на посевите и снабдување со вода во тој дел од Азија каде што живее една петтина од светската популација. Меѓутоа, во таа сезона голем број луѓе гинат во поплави и бури.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати