Брнабиќ: 10 полицајци се повредени во нередите, има 64 приведени

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ на вонредна прес-конференција изјави дека целиот ден поминал во мир, и дека е особено горда на тоа.

Добивај вести на вибер
„ Најпрво сакам да ја изразам мојата лична благодарност, благодарноста на Владата на Република Србија до сите граѓани на Србија или големото мнозинство затоа што покажаа толеранција, разбирање и грижа кон Србија“, рече Брнабиќ.

Премиерката посочи дека е горда на фактот што мнозинството граѓани ги почитувале правата и слободите на сите.

„ Посебна благодарност им должиме на Министерството за внатрешни работи и на Безбедносно-информативната агенција, тие успеаја да го потиснат малиот број инциденти што се случија“ рече таа.

„ Она што го разубавува имиџот на Белград и Србија е тоа што досега се случија многу настани во рамките на Европрајд, а не се случи ниту еден поголем инцидент. Тоа доволно зборува за нашите граѓани. За мене тоа е вистинската слика за Белград и Србија, и јас вечерва гордо Покажавме дека сме сериозна земја која ги почитува своите институции, но и правата на сите граѓани“, нагласи премиерот.

Како што наведе таа, на белградските улици биле ангажирани околу 5.200 припадници на Министерството за внатрешни работи.

„ За жал, имаме 10 полицајци кои се полесно повредени“, рече Брнабиќ и додаде дека се оштетени пет интервентни полициски возила и дека се приведени вкупно 64 лица.

„ Имавме само два инцидента. Тоа беше конфликт со одредени групи во Славија, и конфликт со одредени групи во паркот Караѓорѓе. Припадниците на Министерството за внатрешни работи реагираа и го решија проблемот, обезбедувајќи инцидентите да не се шират понатаму“ истакна таа.

Брнабиќ рече дека претседателот Вучиќ отпатувал во Њујорк каде ќе има важна средба.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ за трагедијата во Нови Сад: Никој не купува време, сериозна истрага не може да се спроведе за 15 дена

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

Горан Наумовски

Брнабиќ е избрана за нов претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Ана Брнабиќ е кандидат за претседател на Народното собрание на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ им се заблагодари на руските служби што ги споделиле информациите дека се подготвуваат немири

Катерина Ѓуровски

Ана Брнабиќ за протестот на опозицијата: Мајдан во Белград – тоа нема да успее

Горан Наумовски