Не работи багерот за ископ на јаглен во најдолната точка на „Суводол“

Од:

Багерот кој работи на ископ на јаглен во најдолната точка во „Суводол“ е во прекин проади дождот што го зафати рудникот информираат од РЕК Битола.

– Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот. Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол бидејќи ги ископува последните количини на јаглен во тој дел од рудникот, по што ќе биде преместен на друга локација согласно планот за работа. Водата од собирникот што се наоѓа во непосредна близина на багерот, направен специјално за вакви ситуации, се исцрпува со пумпи и багерската единица за неколку денови ќе биде повторно во функција.

Од РЕК Битола информираат дека останатите три единици работат без проблем и ги обезбедуваат потребните количини на јаглен за производство на електрична енергија. Исто така, велат и дека на депонијата за јаглен во РЕК Битола има доволни количини на јаглен за непречено производсто на струја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски

Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола

Ќе се бара нова фирма за ископ на јаглен и јаловина за РЕК „Битола“

Левица: Зошто договорот со „Марковски“ беше раскинат и кои се причините за изборот на „Топлина“?

А1он

ЕСМ: Фирмата „Топлина“ е привремено ангажиран економски оператор

ЕСМ: Денеска се исклучени „Битола 1“ и „Битола 2“