Противниците на оджувањето на парадата во рамки на Еуропрајд во Белград во текот на денот предизвикуваати нциденти, а попладнево влегоа во најжесток судир со полицијата кој се обидува да ги спречи да дојдат до поворката на гордоста.
#uzivo baklje na policiju koja obezbeđuje #europride u Bulevaru oslobođenja pic.twitter.com/zB6oKm46LF
— TV N1 Beograd (@N1infoBG) September 17, 2022
Полицијата употреби солзавец, а демонстрантите ги гаѓаа полицајците со факели и топовски удари. Полицијата успеала да ги растера напаѓачите. Се поголем број полицајци доаѓаат на местото на инцидентот.
Парадата се одржува, но на нова маршута за која организаторите објавија дека добиле согласност од полицијата. На маршот на гордоста се појави и партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, Милица Ѓуриќ.