Најмалку 26 лица загинаа, а над 50 се ранети, откако бомбаш-самоубиец се крена во воздух во северниот дел на Багдад.
Според полицијата нападот бил извршен во парк со кафулиња и ресторани.
Насилството во Ирак изминатите месеци бележи зајакнување и постојат стравувања дека земјата може да биде зафатена од нов бран на крвопролевања, предизвикани од непријателствата меѓу соперничките групи.