ВИДЕО: Приведен дилер на наплатната станица Сопот, пронајдена дрога

Од:

Вчера попладне, во 16.30 часот на наплатната станица Сопот, на автопатот „Пријателство“ полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 38-годишниот С.Д. од Велес, извести МВР.

– При извршен преглед на патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена околу еден килограм марихуана, соопшти МВР.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци