Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека состојбата во косовското здравство е толку тешка што со неа не може да се справи само ресорното Министерство, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти изјавата ја даде на прес-конференција по денешната седница на Владата, на која беше одлучено да се формира извршна комисија за здравството, која што ќе ја раководи тој самиот.
– Јас нема да бидам министер за здравство, министер е Рифат Љатифи, меѓутоа состојбата во здравството е толку тешка што со неа не може да се справи само Министерството, изјави Курти, додавајќи дека тој раководи и со други слични комитети.
Курти информира дека се идентификувани главните проблеми во здравството, при што ја издвои „лошата комуникација“ на Министерството за здравство со Болничката клиничка и универзитетска служба на Косово и со петте комори на здравствените работници.
Извор: МИА