Во Грција потврден првиот случај на „Кентаур“, нова подваријанта на Омикрон

Од:

Во Грција е потврден првиот случај на подваријантата на Омикрон ΒΑ.2.75.2, позната како „Кентаур“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Националната организација за јавно здравје на Грција од анализирани 664 примероци по случаен избор од периодот од 22 јули до 4 септември, кај сите била потврдена варијантата Омикрон (B.1.1.529), а кај еден примерок била идентификувана подваријантата BA.2 (BA.2.75.2).

Во однос на ситуацијата со пандемијата во Грција, во периодот од 5 до 11 септември биле потврдени 33.590 случаи на Ковид-19, од кои 22 проценти се реинфекции, а починале 129 лица.

Бројот на смртните случаи е за 30 проценти помал во споредба со една седмица претходно, а кај заразените има намалување за 17 отсто.

Во конкретниот период биле направени 580.195 тестови, со стапка на позитивност 5,79 отсто.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.838.811 случаи на Ковид-19, а починаа 32.894 лица.

Паралелно, од денеска во земјата започна имунизацијата со ажурираните вакцини против Ковид-19 кои заштитуваат од варијантата Омикрон, а вакцините ќе се користат само како прва или втора бустер доза, односно само за оние кои се веќе вакцинирани со две или три дози.

Приоритет имаат граѓаните над 60 годишна возраст и лицата со здравствени проблеми, а ажурираните вакцини се мРНА вакцини на Фајзер и Модерна .

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната