Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

Од:

Вчера попладне во 15.35 часот на улицата „Манапо“ во Скопје, полициски службеници од Пoлициската станица Карпош лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, извести МВР.

– Тие се сомничат дека во периодот од 08.00 до 15.00 часот со употреба на сила и алат влегле во подрумски простории од згради на ул.„Манапо“ и одзеле повеќе предмети од две лица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР