Русија: Соработувајте во истрагата

Од:

Русија ги повика властите на Сирија и бунтовниците да соработуваат во меѓународната истрага, по повод обвинението дека во сириската граѓанска војна е употребено хемиско оружје.

Москва, клучниот сојузник на Дамаск и негов најмоќен заштитник, се приклучи на барањата од светот, во Сирија да се спроведе истрага во врска со наводните хемиски напад, во кој според разни извори загинаа многу лица.

Русија се приклучи на барањата за спроведување на истрага под надлежност на ОН.

-Веднаш ја контактиравме сириската влада и побаравме од неа да соработува со експертите на ОН, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

САД, Британија и Франција излегоа со барање, инспекторската комисија на ОН, која од порано дејствува во Сирија, веднаш да добие пристап на локацијата.

Режимот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад тврди дека обвиненијата за нападот се неосновани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Масовен руски напад на Украина со крстосувачки и балистички ракети, но и со беспилотни летала

Горан Наумовски