Шефот на украинската дипломатија остро ја нападна Германија

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја обвини Германија дека ги игнорира повиците на Киев да испрати тенкови „Леопард“ и пешадиски борбени возила „Мардер“, нагласувајќи дека Берлин користи само „апстрактни стравови и изговори“ како изговор.

Неговите забелешки доаѓаат откако претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш го повика Западот да ја забрза испораката на оружје за неговата земја, која во последните денови бележи воени успеси на североистокот на земјата.

„Од Германија доаѓаат разочарувачки сигнали, а на Украина и требаат Леопарди и Мардери веднаш – да ги ослободи луѓето и да ги спаси од геноцид“, напиша шефот на украинската дипломатија на Твитер.

„Ниту еден рационален аргумент зошто ова оружје не може да се испрати, само апстрактни стравови и изговори. Зошто Берлин се плаши од она од што Киев не се плаши?“, додава Кулеба во невообичаено отворен стил.

Германија на Украина и испорача самоодни хаубици, но Зеленски и Кулеба сметаат дека тоа не е доволно.

На веб-страницата на германската влада редовно се ажурира списокот оружје и муниција испратени за Украина, меѓу кои се 24 противвоздушни тенкови „Гепард“, 54 оклопни транспортери „М113“, три илјади противтенковски ракетни фрлачи „Панцерфауст 3“, 500 рачни противвоздушни системи „Стингер“, 2,7 илјади противавионски фрлачи „Стрела“, 21,8 милиони парчиња муниција за огнено оружје, десет илјади проектили од 155 милиметри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

Сијарто: Неопходно е да се интензивираат напорите за постигнување мир во Украина

Горан Наумовски

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Уредничката на „Народна газета“ е убиена во напад на украински дрон во областа Курск

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Масовен руски напад на Украина со крстосувачки и балистички ракети, но и со беспилотни летала

Горан Наумовски