Македонската кошаркарска по вчерашната победа над Грција со 77:75, денеска попладне ќе игра против селекцијата на домаќинот на Супер купот Германија. Почетокот на натпреварот е во 14:30 часот.
Ова ќе биде претпоследен контролен натпревар за избраниците на селекторот Алеш Пипан. Покрај овој дуел од 17 часот во Улм играат Грција – Босна и Херцеговина.
Германија синоќа во првото коло загуби од нашиот ривал во групата Босна и Херцеговина со 73:62. Најефикасен на овој натпревар беше Мирза Телетовиќ од БиХ со 26 поени. Македонија на последниот ден од турнирот во недела од 17 часот ќе игра против Босна и Херцеговина.