Ковачевски и Мицотакис во Атина разговараа за енергетската криза

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски во Атина, Грција, оствари тет-а-тет средба со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис. На средбата во рамки на работната посета на Ковачевски во Атина, премиерите разговараа за последиците од енергетската криза во светски рамки и енормниот раст на цените на електричната енергија.

Ковачевски и Мицотакис дискутираа за состојбите и предизвиците со кои се соочуваат земјите во справување со светската енергетска криза.

Двајцата премиери, констатираа дека регионалната соработка е од големо значење со особен акцент на важноста од соработката во енергетскиот сектор, за која се согласија дека има голем потенцијал, ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас (ЛНГ) во Александруполи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји. Интерконекторот со Грција заедно со терминалот за течен гас (ЛНГ) во Александруполи не се само економски, туку и проекти од стратешко значење.

Премиерите ги потврдија заложбите согласно планираното, најдоцна до средината на 2024 година да имаме снабдување со гас од Грција. Новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александруполи значи енергетска независност, ослободување од рускиот гас и диверзификација на изворите.

Премиерите заклучија дека стратешките проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите

Мицкоски за средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството

Мицотакис го информирал Европскиот Совет за „директното прекршување на Договорот од Преспа од претседателката и премиерот на Северна Македонија“

Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, престанете да правите сметка без крчмарот

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова се запозна со Мицотакис и со Главчев

A1on