Српскиот композитор Корнелије Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград. Причината за смртта на легендарниот српски композитор е, како што пренесува Новости, инфекција со коронавирус.
Ковач беше сместен во Ковид болницата во Батајница.
Овој талентиран човек и голем уметник остави длабока трага на српската и европската музичка сцена.
Тој компонираше и за филм, серии и театар, како и за големи хитови за бројни изведувачи.