Три патнички возила, три автобуси и еден минибус вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација, изречени соодветни санкции

Од:

На 10, 11 и 12 септември, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација, извести МВР.

– Така, на Граничен премин Блаце, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С.(41) од Гостивар, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. На Граничен премин Табановце, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ.(60) од Желино, патничко возило комби „форд транзит“, управувано од В.Г.(44) од Струмица, патничко возило „опел вектра“, управувано од С.Д.(47) од Куманово, автобус управуван од С.Е.(49) од Тетово, автобус управуван од Ј.Г.(38) од Дебар и патничко возило комби управувано од Е.А.(55) од Куманово, сите со македонска национална ознака, било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација, соопшти МВР.

Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци