Уште еден случај на силување на малолетничка во Косово: Жртвата поради страв веднаш не пријавила

Од:

Во косовската полиција е пријавен уште еден случај на сексуално насилство врз малолетник.

Портпаролот на полицијата за Пеќ, Фадиљ Гаши, потврди дека во општина Исток е регистриран уште еден случај на силување на малолетно лице од возрасен маж, пренесува порталот kosovo-online.

Гаши најави дека инцидентот се случил на 9 август, но жртвата дури вчера го пријавила настанот во полиција. По пријавување на случајот, полицијата го привела осомничениот, кој по наредба на обвинител е задржан во притвор.

„Жртвата поради страв веднаш не го пријавила случајот. Инспекторите се занимаваат со случајот и на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа“, рече Гаши.

Потсетуваме, пред 10-ина дена беше пријавен случај на силување на 11-годишно девојче во Приштина, што доведе до бран протести во Косово, но и во Албанија. Бројот на случаи на сексуално насилство во Косово е сè уште висок.

Само во првите седум месеци од годинава во косовската полиција биле пријавени 41 случај на силување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Ја истепал и ја силувал во автомобилот на татко му, се бара пртивор за скопјанец