(ВИДЕО) Шест лица ранети во Истанбул: Се скарале во трговски центар, а потоа се степале и пукале

Од:

Најмалку шест лица, меѓу кои државјани на Азербејџан и Иран, се ранети во пукотница во трговски центар во Истанбул, пишува весникот „Сабах“.

Расправијата меѓу две групи луѓе на пристаништето „Саријер“ брзо прераснала во тепачка, а на крајот дошло и до пукање, пишува весникот.

Во инцидентот се повредени шест лица, меѓу кои четворица државјани на Азербејџан, еден на Иран и еден на Турција. Целиот инцидент е снимен од надзорните камери.

Според првите информации, иранскиот државјанин бил само случаен минувач и не бил директно вклучен во конфликтот. Еден од повредените е пренесен во болница во тешка состојба.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Полицијата уапси маж од прилепско кој пукаше со пиштол и пушка

Горан Наумовски

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Нури Аслан избран за привремен градоначалник на Истанбул

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски