Најпрвин сакам да изразам задоволство за овој преубав настан, овдека овие денови организиран во Кавадарци, поради причината која што сите сме овдека собрани, а тоа е Тиквшекиот гроздобер и карневалот кој што еве како што може да слушнам од претставниците на светската организација после подолго време повторно се одржува, после две години пауза поради короната, нели, повторно се одржува и јас посакувам и тој да биде успешен, нека се забавуваат гостите, изјави денес Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
– Знам дека изминативе денови луѓето се забавуваа, десетици илјади наши сограѓани но и останати гости од соседството кое што се придружија на овој преубав настан се забавуваа. Мислам дека беше прекрасно, очекувам и денеска да биде така и да посакам уште многу многу вакви успешни настани кои што ги организира општина Кавадарци и градоначалникот тука и нормално уште многу години повторно да се среќаваме и да си го честитаме овој ден – рече Мицкоски.