Силен тајфун се приближува кон јужните јапонски острови

Од:

Моќниот тајфун Муифа денеска се приближува до брегот на јужните јапонски острови.

Природната непогода ги принуди локалните власти да ги повикаат жителите да најдат соодветно засолниште пред тајфунот да стаса до копното.

Тајфунот е на 180 километри јужно од островот Ишигаки, кој се наоѓа недалеку од Тајван, а ветровите достигнуваат брзина од 216 километри на час. Тајфунот се движи во северозападен правец, јавува Јапонската метеоролошка агенција.

Властите во Окинава, префектура која се состои од повеќе од 150 острови, ги повикаа возрасните лица кои живеат на Ишигаки и другите острови во регионот да побараат засолниште пред налетот на тајфунот.

Јапонската метеоролошка агенција предвиде дека по ударот на Ишигаки, тајфунот ќе се упати кон север и кон кинескиот финансиски центар Шангај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Рапидно се зголемува бројот на жртвите на тајфунот „Јаги“

Горан Наумовски

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

Во Кина повеќе од 150.000 луѓе се евакуирани во пресрет на тајфунот Гаеми