Вчера околу 21.30 часот кај Рајиќ кај Новска се судрија патнички и товарен воз. Според последните информации, потврдено е дека три лица загинале, додека 12 се повредени.
Неофицијалните информации велат дека меѓу повредените има и неколку странци државјани на Иран. Двајца вработени во Хрватските железници и едно 17-годишно момче го загубиле животот, потврди полицијата.
Цела ноќ на терен биле сите служби за итна помош, а истрагата е во тек. Премиерот Андреј Пленковиќ синоќа со министрите го посети местото на несреќата, кој рече дека таква несреќа луѓето досега не виделе.