Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска пристигна во Киев во ненајавена посета за да покаже дека Украина „може да смета“ на поддршката од Берлин, соопшти германското Министерство за надворешни работи.
Германија ќе продолжи да го поддржува Киев „се додека е потребно, со испорака на оружје и хуманитарна и финансиска поддршка“, рече Бербок, се наведува во соопштението на Министерството, пренесува Киев Индепендент.
Ова е нејзина втора посета на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари.
Извор: МИА