„Разобличувањето на монополот и злоупотребата на власта од страна на СДСМ не ја спречи поранешната владејачка гарнитура во Аеродром да продолжи со пласирањето на дезинформации и лажни вести“, реагира Општина Аеродром на прес-конференцијата на СДСМ.
„Очигледно, СДСМ го пропуштиле утринското соопштение на Општина Аеродром во кое беше истакнато дека за учениците се веќе обезбедени и ужината и топлиот оброк.
Најостро ги отфрламе ваквите лажни и неосновани обвинувања, чија крајна цел е единствено нарушување на угледот и работата на градоначалникот Тимчо Муцунски и на општинската администрација, како и внесување непотребна вознемиреност кај родителите и децата на стартот од оваа учебна година.
Оттука ги повикуваме оние кои ги шират ваквите лаги од понеделник да направат обиколка низ училиштата и лично да се уверат дека е обезбедена храна за учениците, по што очекуваме јавно да се извинат за изнесените шпекулации“, се додава во соопштението на Оптина Аеродром.