Коперникус: Летото 2022 година е најжешкото некогаш регистрирано во Европа

Од:

Летото 2022 година, од јуни до август, кога имаше повеќе катастрофи поврзани со глобалното затоплување, беше најжешкото регистрирано во Европа, објави денеска европската служба за климатски промени Коперникус.

Просечните температури беа највисоки и за месец август и за цело лето, а во тие три месеци ја надминаа температурата за 0,4 степени од 2021 година, кога беше забележан претходниот рекорд, соопшти Коперникус.

Температурата беше околу 1,34 степени Целзиусови над просекот за сезоната 1991-2020 според Коперникус.

Само за месец август, температурите беа „убедливо највисоки забележани“ и беа за 1,72 степени Целзиусови повисоки од просекот од 1991 до 2020 година.

– Серијата интензивни топлотни бранови низ Европа во комбинација со необични услови за суша доведоа до лето на екстремни температури, суши и шумски пожари, рече во соопштение Фреја Вамборг, научничка во Европскиот институт.

Таа потсети и дека претходниот рекорд беше само пред една година.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани