Воено воздушните сили на САД денеска во Калифорнија ги демонстрираа своите нуклеарни сили со лансирање на меѓуконтиненталната балистичка ракета Minuteman III без боева глава.
Стартот беше извршен од базата на вселенските сили „Ванденберг”, 90 километри северно од Санта Барбара.
Пет Рајдер, бригаден генерал на воено-воздушните сили вчера првпат соопшти за ова тестирање, изјавувајќи дека „стартот на меѓуконтиненталната балистичка ракета ја потврдува и проверува ефективноста и спремноста на системот”.
-Ова лансирање е нормална процедура на испитување планирана своевремено и ништо не поразлична од претходните тестирања, изјави тој на новинарите.
Испитувањето на ракетата денеска доаѓа на помалку од месец по претходното испитување.
Рајдер истакна дека пред да се изврши тестирањето САД ја информирале руската власт соодветно договорените обврски и меѓународните прописи од Хаг.
Тестирањето на ракетата се случува во позадина на растечката загриженост околу нуклеарната безбедност а поврзано со војната на Русија против Украина.
Русија не само што испраќа закани со нуклеарна ескалација ако САД подиректно се вклучат во војната, но таа се заканува и на нуклеарната безбедност во Европа, стационирајќи воени сили во атомската централа Запорожје во Украина.
САД минатиот месец извршија испитување на истата ракета но тоа беше поместено за да се избегне ескалација на нервоза во односите со Пекинг, за време на кинеската демонстрација на сила во близина на Тајван, а по посетата на островот на спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.
Извор: МИА