Албанија ќе потроши шест милиони долари за сателитски мониторинг

Од:

Албанската Агенција за цивилна одбрана ќе потроши шест милиони долари за сателитски мониторинг на територијата на земјата, во текот на три години.

-Се чини дека идејата за лансирање на сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ во орбитата веќе почна да заживува. Откако првиот тендер беше поништен бидејќи немаше понуда, веќе е објавено дека има победник. Тоа е американската компанија „Satellogic USA“ Inc. Се дознава дека тие ќе ја чинат албанската држава шест милиони долари или 671.760.000 лека за период од 3 години, јави ABCnews.al.

Додава дека “Satellogic USA” Inc. ќе биде фокусирана на набљудување на сателитски снимки на земјата со цел “донесување подобри одлуки”.

Сателитите „Албанија 1“ и „Албанија 2“ , според најавата на премиерот Еди Рама, требаше да бидат лансирани во март и јуни, но тоа не беше постигнато.

Интелигентните сателити и дронови ќе служат за целосна контрола на целата територија на земјата поточно за цивилни активности.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски