Претрес во прилепско, пронајдено оружје и муниција, приведено едно лице

Од:

Денеска во 08.30 часот во село Дебреште, прилепско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Прилеп го лишиле од слобода 41-годишниот И.Р. од Дебреште, извести МВР.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пет пушки и еден пиштол различен калибар и повеќе парчиња муниција од различен калибар, кои без дозвола ги поседувал, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас