Приведен дилер во Скопје, пронајдена дрога

Од:

Вчера во 10.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 35-годишниот З.Д., затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја, извести МВР.

– Подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Аеродром, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, екстази и куршуми од огнено оружје, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници